Утрински Весник
Македонија

Јатрви се тепале во Радовишко, една е повредена

Tepacka.webp.webp

На 30.03.2026 во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода А.К.(38) од истото село.

Според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрава П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата.


П.К. била пренесена во Медицински центар Штип, каде и е констатирана телесна повреда, а А.К. е задржана во Полициската станица Радовиш. Запознаен е јавен обвинител, по чии насоки, по целосно документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Му ветувале работа во странство, тетовец измамен за 2000 евра

Над 160 здравствени работници обучени да препознаваат и пријавуваат корупција

Манасиевски: Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лагите