Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дали по поразот може и Орбан заедно со Груевски да дојде во Македонија?

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Мицкоски ги продава македонските национални интереси – а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем.


Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, не задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката.

Го расчисти патот во ВМРО-ОКГ и ги смени сите потпретседатели. Ја презеде контролата над судството и обвинителството, водеше кампања против предметите на СЈО за рушење на пресудите на Груевски и создавање терен за ослободување на криминалната структура од одговорност. 

Политичката сцена во Унгарија се менува и поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа по серијата криминални скандали и антиевропските политики со кои одработува за Русија.

Дури и од своите поддржувачи Орбан беше исвиркан на митинг. 

Што ќе се случува по падот на Орбан е клучно прашање за предавникот Мицкоски, Орбан и Груевски заедно. 

Што ќе се случи со 40% од медиумите во Македонија кои преку Орбан се ставени во служба и контрола на ВМРО-ОКГ?

Што ќе биде со бизнисите на Орбан во Македонија кои Мицкоски му ги озоможи – во енергетиката и телекомуникациите, вклучително и интересите на компаниите како 4iG?

Конечно, што ќе се случува со самиот Орбан?

Обвинувањата за корупција во Унгарија се сериозни.

Дали може да очекуваме и Орбан да дојде во Македонија заедно со Груевски?

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч