Утрински Весник
Свет

Даноци и забрани за пловење – Иран со нов закон за Хормуз

Ormus.webp.webp

Безбедносниот комитет на иранскиот парламент одобри нацрт-закон со кој се воведува систем на патарини за премин низ Ормутскиот теснец и се предлага ограничување на пристапот за бродови поврзани со земјите кои воведоа санкции против Иран.

Предлогот ќе биде доставен за дискусија и гласање во парламентот, изјави членот на комисијата Моџтаба Сари за новинската агенција ФАРС.


Ќе биде забранет премин и за бродови од ЕУ

Според нацрт-законот, на бродовите од САД, Израел и земјите што воведоа санкции врз Иран во последните години ќе им биде забрането да минуваат низ стратешкиот воден пат. Според Сари, ќе бидат вклучени и бродови од Европската Унија.

Преминот ќе се наплаќа во иранската национална валута, ријалот, објави ФАРС, во потег насочен кон зајакнување на валутата и заобиколување на американските санкции, а воедно и давање на државата целосна контрола врз финансиските текови.

Понатамошна ескалација

Овој потег сигнализира понатамошна ескалација со Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп побара Техеран целосно да го отвори теснецот, клучен пат за глобалните енергетски снабдувања, и се закани со драстични последици доколку не го стори тоа.

Можете да прочитате

Протече снимка од разговор меѓу министрите за надворешни работи на Унгарија и Русија

Аеродром во Флорида ќе го носи името Доналд Трамп

Иран погоди полн танкер со нафта во пристаништето во Дубаи