Утрински Весник
Македонија

ВМРО:ДПМНЕ: Европската идеја е жива и ние достоинствено ќе ја браниме

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Дали СДС е свесен дека цената на ова што го збори е национално предавство и уништување на идентитетот и ставање на нова јамка на вратот на македонскиот народ како што веќе ставија со францускиот предлог и договорот со Бугарија? 


Ако сфаќа значи свесно прават предавство поради бизнисите на Заеви поврзани со бугарски фирми, ако не се свесни еве им објаснуваме барем на оние малкумина кои преостанале и кои слепо го следат двоецот Заев – Филипче да се освестат. 

Оваа слаткоречива изјава на Филипче полна со загриженост за иднината на народот е всушност параван за предавство. 

Европската идеја е жива и ние достоинствено ќе ја браниме затоа што таа е идеја на почит, добрососедство и прифаќање на идентитетот на сите, а не потчинуванње и понижување на нашиот народ како што СДС тоа го замислува. Ние се бориме за решение кое ќе е достоинствено и нема да потклекнеме пред притисоците, предавствата и интригите на СДС кои се полоши и од оние кои сакаат наше обезличување. 

Кога ви зборува Филипче само потсетете се кој е тој, какви се неговите морални вредности и со која екипа лојално и бескомпромисно ја уништуваше Македонија. Тоа се зборови на човек кој е потонат во криминал, без ронка респект кон својот народ и држава и кој спие на увото дека нашиот народ ќе ги заборави сите злодела што тој и Заев ги направија и дека има кратко памтење и повторно ќе го прелажат. Овие луѓе ги знаете, ништо добро Македонија не видела од нив. Ниту пак ќе види.

Можете да прочитате

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство

Тетовец му го позајмил „бмв“на познаник, па наместо кај механичар завршило на отпад