Утрински Весник
Македонија

Стојанче призна вина за дел од делата, но не и дека ја навел Ивана на самоубиство

Stojance jovanovski 3 e1772546093238.jpg

Стојанче Joвановски на почетокот на судскиот процес против него се изјасни за виновен за тоа дека ѝ нанел физички повреди на сега починатата сопруга Ивана, но дека не се чувствува виновен за наведување на самоубиство.

Јовановски се товари за три кривични дела: Тешки телесни повреди, Загрозување на безбедноста и за наведување на самоубиство.


Јовановски рече дека првите две дела ги разбира и дека прифаќа вина, но дека за третото не може да прифати вина.

– На кобниот ден, на 2.03.2026 на паркинг зад Кривичен, ѝ се заканувал на Ивана дека ќе посегне по нејзиниот живпт и тело. Ѝ рекол: „Ќе те уништам, нема Катја да ја видиш, ќе одам во затвор, ќе излезам, ќе те уништам“. Ѝ рекол да се оди со такси, ама Ивана не отишла. Тргнале кон основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, каде ја земале Катја. Стојанче ѝ рекол на Ивана: „Оди да се спакуваш, ќе видиш што ќе ти направам“ – го цитираше обвинението обвинителката Адела Бојчевиќ.

За самоубиството на Ивана, Јовановски прстот го впери кон сведокот Мартин Саздов кој бил заедно со нив на денот кога се случи трагедијата/

Мартин Саздов ја наведе да се самоубие. Мартин ѝ се закануваше цело време, ѝ рече оди фрли се под воз, неговите зборови ги става во моја уста. Не можам да се смирам, Мартин Саздов ми го упропасти семејството“ рече низ плач Јовановски.

Јовановски рече дека испратил молба со барање да се спроведе редовна постапка, а не скратена, во која ќе се изведуваат докази, оти не можел да ја издржи неправдата што му е нанесена, како што рече, и бара да се брани.

„Останувам на молбата за редовна постапка, во која ќе се изведуваат докази за третото кривично дело. Молбата ја напишав со цел да се докаже дека за целата ситуација е виновен Мартин Саздов, кој за сите три дела ме наведуваше да ги сторам и имам докази. Да ја тепам сопругата и да ја загрозам. Тој ме натреа да ги оставам сами горе кога се качивме“ рече Стојанче.

Тој пред судот се пожали дека цело време бил држен во самица и дека немал доволно време да се види со адвокатите за да ја подготви одбраната

Можете да прочитате

ВМРО:ДПМНЕ: Европската идеја е жива и ние достоинствено ќе ја браниме

Филипче: ВМРО-ОКГ е тројански коњ, а Мицкоски проруски играч

Песна за „Голема Албанија“ емитувана на МТВ 2