Утрински Весник
Свет

Трамп: Ќе ми биде драго да ја земам иранската нафта

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“ (FT), објавено синоќа, изјави дека сака „да ја земе иранската нафта“ и дека американските сили би можеле да го заземат островот Харг, центарот на извозот на нафта од Иран, објавија Ројтерс и Би-Би-Си.

„Да бидам искрен, моето омилено нешто би било да ја земам нафтата во Иран, но некои глупави луѓе во САД велат: „Зошто го правите ова?“. Но, тие се глупави луѓе“, изјави американскиот претседател за „Фајненшл тајмс“.


Тој потег би можел да значи преземање на Харго, сигнализираше Трамп. „Можеби ќе го земеме островот Харг, можеби не. Имаме многу опции“, рече Трамп во интервјуто, истакнувајќи дека неговото преземање би значело подолг престој на американските сили на островот, пренесува Би-Би-Си.

Кога беше прашан за одбранбените сили на Иран на островот, американскиот претседател рече дека мисли оти тие „воопшто немаат никаква одбрана“.

„Можевме многу лесно да го земеме“

„Можеме многу лесно да го фатиме (Харг)“, рече Трамп. Коментарите на претседателот дојдоа во време кога уште 3.500 американски војници пристигнаа на Блискиот Исток, поради растечките стравувања дека понатамошната ескалација би можела да ги изложи американските сили на ирански напади,

Можете да прочитате

Американската војска во регионот се зголеми на 50.000 војници пред можна копнена инвазија на Иран

САД планираат инвазија на специјални сили за одземање на иранскиот ураниум?

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич