Утрински Весник
Македонија

Барел нафта над 115 долари, каква одлука за горивата денеска ќе донесе Регулаторна?

Goriva.png

Цените на нафтата утрово надминаа 115 долари за барел, со отворањето на пазарите во Азија.

Во моментов 8.30 часот по македонско време барел сурова нафта Брент се продава по цена од точно 155 долари.


Истовремено, изминатите денови доларот зајакна во однос на останатите валути.

Сето ова може да навести ново зголемување на цените на горивата во Македонија.

Денес, Регулаторната комисија за енергетика треба да одржи седница на која ќе се утврди новата максимална цена на горивата.

Викендов пак, премиерот Христијан Мицкоски изрази уверување дека цените на бензините ќе намалат за околу два денари, додека цената на дизелот би требало да остане иста.

Одлуката што РКЕ ја носи денеска е со важност од вечерва на полноќ.

Можете да прочитате

Синот што утрово си ја уби мајката сам се пријавил во полиција

Мицкоски повторно во посета на Унгарија

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДСМ