Утрински Весник
Економија

Можно поевтинување на бензините, дизелот останува стабилен

Gorivo1.jpg

Владините пресметки укажуваат дека од понеделник се очекува намалување на цените на бензините за околу два денара, додека цената на дизелот би можела да остане непроменета или минимално да се зголеми за околу половина денар.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека состојбата со горивата е стабилна и засега нема потреба од воведување нови мерки. Според него, актуелната мерка за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, која важи две недели, веќе дава позитивни резултати.


„Ќе ја следиме состојбата до крајот на неделата, па ќе одлучиме дали мерката ќе се продолжи или ќе се воведат дополнителни интервенции, како што е евентуално намалување на акцизата“, истакна Мицкоски.

Во меѓувреме, економските аналитичари предупредуваат дека мерките се недоволни и доцнат, оценувајќи дека тековната нафтена криза може да има значително посилен ефект врз инфлацијата од онаа во 2022 година, кога таа достигна високи нивоа.

И покрај зголемената потрошувачка на горива – која достигнува околу 200.000 литри дневно, делумно и поради зголемениот број странски возачи кои точат поради пониските цени – од Владата уверуваат дека нема потреба од рестрикции и дека пазарот засега функционира без поголеми нарушувања.

Можете да прочитате

Со такси лани се возеле речиси 18,5 патници

Бројот на субјекти што не издаваат фискални сметки сè уште голем, привремено затворени 25 објекти

Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на  системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања