Утрински Весник
Свет

Калибаф: Непријателот испраќа пораки за преговори додека планира копнен напад

Us iran.webp.webp

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека „непријателот отворено испраќа пораки за преговори и дијалог, а тајно планира копнен напад“, додека не е свесен дека Иранците „го чекаат доаѓањето на американските војници на терен за да ги запалат и засекогаш да ги казнат нивните регионални партнери“.

„Нашиот оган продолжува. Нашите ракети се на место. Нашата одлучност и вера пораснаа. Свесни сме за слабостите на непријателот и јасно ги гледаме последиците од стравот и теророт во непријателската војска“, рече Калибаф во порака по повод 30-тиот ден од одбраната на Иран, пренесува денеска агенцијата „Тасним“.


Тој рече дека Иран нема да излезе од војната со САД и Израел „освен со победа“, наведувајќи дека „знаците за оваа победа стануваат очигледни“.

„Слушаме различни зборови и изјави од непријателските функционери за преговорите. Америка ги изразува своите желби и го објавува она што не го постигнала во војната како листа од 15 точки и тоа го бара во дипломатијата. Сè додека Американците бараат предавање на Иран, одговорот на вашите деца на овие американски желби е јасен: ’О, колку срамотно‘“, рече Калибаф во пораката до граѓаните на Иран на 30-тиот ден од почетокот на војната.

Калибаф истакна дека „улицата во текот на овие триесет ноќи беше одраз и огледало на општествената моќ на една нација која не познава пораз, која е непобедлива и не толерира јазик на сила“.

„Непријателот мислеше дека општеството ќе биде поделено и дека по војната луѓето ќе се судрат едни со други, но големата иранска нација беше едно тело со деведесет милиони души и, спротивно на непријателската имагинација, остана пообединета од кога било. Ова единство беше толку величествено и длабоко што застоите во одбраната на Иран беа отстранети, а непријателскиот заговор се сврте против самиот себе“, изјави Калибаф.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп „не е во состојба да ги придобие европските земји“, како и дека „пазарот на енергија е надвор од контрола, а инфлацијата на цените на храната е неизбежна“.

„Симболите на американската големина, од F-35 до носачите на авиони и регионалните бази, претрпеа голема штета. Либански Хезболах, на кој постојано му се закануваа со разоружување, денес е важен и ефикасен дел од отпорот и го фати во стапица несреќниот израелски режим. Ирачкиот отпор храбро се бори и го изненади непријателот. Со своето приклучување, јеменскиот Ансар Алах му даде нов здив на фронтот на отпорот и подготвен е да постигне спектакуларни изненадувања“, рече Калибаф.

Можете да прочитате

Масовни протести против Трамп – 24info.mk

17 лица загинаа во поплави во Авганистан

Дојче Веле: Европа размислува за испраќање мигранти во кампови на Западен Балкан