Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец приведен за физички напад врз неговиот 74-годишен татко

Policzija.webp.webp

Кавадарчанец бил лишен од слобода, по пријава во полиција за закани и физички напад врз неговиот татко, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Полициски службеници од ОВР – Кавадарци во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода С.Ј., 48-годишен кавадарчанец, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 74-годишен татко и му се заканувал. С.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител.


По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР – Велес.

Можете да прочитате

Герасимовски предложен за потпретседател на СДСМ

Јазикот не е доволен за да се пресуди етничката припадност

„Акса Енерџи Македонија“ регистрирана – почнува нова фаза на гасификацијата