Утрински Весник
Спорт

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија

20260329091105 big 730x400 20.webp.webp

Возачот на Мерцедес Кими Антонели победи на денешната трка за Големата награда на Јапонија што се возеше на патеката Сузука. Второто место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари.

Во финишот на трката Џорџ Расел вршеше голем притисок за третата позиција која Леклер сепак успеа да ја зачува. Расел од Мерцедес заврши на четвртото место, а шампионот Ландо Норис од Мекларен беше петти, додека Луис Хамилтон од Ферари заврши на шестото место.


За Антонели ова беше втора победа на трите трки оваа сезона.

Трката ја одбележа и еден инцидент во 22.круг кога Британецот Оли Берман избегна судар со Франко Колапинто и удри во заштитната ограда. Според информациите од неговиот тим Хас, тој не е тешко повреден пред поради зголемените безбедносни мерки кои се применуваат во Формула 1.

Антонели е лидер во генералниот пласман со 72 бода, пред Џорџ Расел со 63, додека Шарл Леклер има 49. Кај конструкторите Мерцедес е лидер со 98, пред Ферари со 67.

Следната трка е на 3 мај во Мајами.

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Сабаленка влезе во историјата го освои Саншајн Дабл