Утрински Весник
Македонија

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Jajca 5.jpg

Повеќе од 40 тони необележани јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла. Запленети биле на граничниот премин Табановце, а требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Станува збор за две пратки со над 572 000 необележани свежи јајца.

Врз основа на оперативни сознанија и повеќемесечно професионално следење на активностите на домашни увозници и извозници со јајца, на граничниот премин Табановце беше спроведена акција во која при детална контрола откриени се над 572 илјади необележани свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. Во едната пратка пронајдени се 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца. Според сознанијата на АХВ, овие производи требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски.


-Вкупната количина од 40 тони и 410 килограми јајца е прогласена за небезбедна и е нештетно уништена на депонијата Дрисла. АХВ уште еднаш ја потврдува својата клучна улога во заштитата на безбедноста на храната и интересите на граѓаните и домашните производители и останува посветена на бескомпромисна борба против измамите со храна, продолжувајќи со засилени контроли и активности на терен. За вклучените субјекти во овој случај ќе бидат изречени соодветни мерки, а ќе следуваат и дополнителни проверки на нивното досегашно работење, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). 

Можете да прочитате

Во близина на Виница пронајдено тело на маж со прострелна рана

СПМ: Нападнати полицајци пред дискотека во Скопје, осомничените пуштени

Кавадарчанец приведен за физички напад врз неговиот 74-годишен татко