Утрински Весник
Македонија

Две лица уапсени за семејно насилство во последните 24 чса

Nasilstvo.jpg

На 27.03.2026 во 20:55 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода И.С.(48) од Крива Паланка затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата сопруга, синот и снаата. 

На 27.03.2026 година полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ј.  од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 35 годишна сестра. 


На 27.03.2026 во 15:10 часот во ОВР Прилеп, 21-годишник од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од неговиот брат Б.С.. 

На 27.03.2026 во 23:30 часот во СВР  Тетово, 30-годишна жена од Тетово пријавила дека  С.К.(30) од Скопје, со кого претходно била во вонбрачна заедница, во текот на февруари и март 2026 година во повеќе наврати ја следел и ѝ испраќал пораки со навредлива содржина, а околу 23:15 часот бил забележан во близина на нејзиното работно место во Тетово. 
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката што го водеше предметот против полицајците

Дончиќ: За Македонија и Хрватска нема подобра опција од ЕУ

„Фингерпринтот” за докторите е понижувачки смета Филипче