Утрински Весник
Скопје

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Soobrakaen Rezim 960x502 1.jpg

Утре (29.03.2026) во 10:00 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 км со траса на движење од Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно.

Од  тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.


МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Карпошово културно лето: Уметност, музика и креативна енергија 

Меџити: Пријателството меѓу Северна Македонија и Турција останува силен мост на соработка

Пет мини библиотеки со европска книжевност поставени низ Скопје