Утрински Весник
Свет

Барон Трамп сведочеше на суд за напад врз жена, напаѓачот доби четири години затвор

20260327150256 big 730x400 2.webp.webp

Судија во британскиот кралски суд во Снерсбрук денеска го осуди рускиот државјанин Матвеј Румјанцев на четири години затвор, благодарение на сведочењето на најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Барон, кој бил сведок на нападот врз својота пријателка за време на видео повик и ја известил полицијата за тоа.

Барон (20) им рекол на полицајците дека во јануари минатата година тој од САД ја повикал жртвата која била во Лондон и дека за време на видео повикот видел дека е нападната, пренесуваат британските медиуми.


По нападот полицијата го уапси Матвеј Румјанцев (22), кој неколку месеци се забавувал со жената што ја нападнал.

„Во еден момент од насилството, имаше повик до нејзиниот пријател Барон Трамп или од него и тој  ве виде како ја тепате и вие го држевте телефонот и ја снимавте, што беше чин на гнев за да ја понижите. Г-дин Трамп, и покрај тоа што беше во САД, постапи правилно и одговорно, се погрижи да бидат повикани службите за итни случаи и им кажа што видел“, рече судијата Џоел Бенатан во Кралскиот суд во Снерсбрук, додека ја изрекуваше пресудата за Румјанцев.

Жената, чиј идентитет не е објавен, претрпе модринки на брадата, раката, зглобот, како и гребнатини, а ѝ падна и прамен од косата.

Во јануари, Румјанцев беше прогласен за виновен за нападот и за попречување на правдата, но беше ослободен од обвинението за силување и намерно давење, а беше осуден на по две години затвор за секое од двете кривични дела.

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа