Утрински Весник
Македонија

Царинска управа: Откриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца уапсени

3 6c588b54 e580 4290 a0cf 320bc11258c7.jpeg

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс” од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица.

Делото е откриено на 26ти месецов кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на Дурмо Турс кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола. Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе  пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар.


Царинската управа продолжува со засилени активности за заштита на безбедноста на граѓаните.

Можете да прочитате

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош