
На 26.03.2026 во 00:15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) затоа што физички ја нападнал неговата 53-годишна партнерка. Според пријавеното, таа и претходно била психички и физички малтретирана од него.
На 25.03.2026 во 23:10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.М.(26) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во домот физички го нападнал неговиот 66-годишен татко и кршел дел од покуќнината. Според пријавеното, тој и претходно бил психички вознемируван од синот.
На 25.03.2026 во 18:50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Д.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка и фрлил остар предмет кон неа, но не ја погодил.
На 25.03.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода 44-годишната А.Ј. од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината 67-годишна мајка.
На 25.03.2026 во 21:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино извршиле службен разговор со 60-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувал на неговата 59-годишна сопруга. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

