Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од Валандово за физички напад и поседување огнено оружје и муниција

Nasilstvo 2.jpg

На 24.03.2026 во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото.

При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив.


Лицето е задржано во Полициска станица, а подоцна со негова дозвола е извршен и претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Земјотрес попладнево во Македонија – 24info.mk

Новата Програма за рано учење и развој ќе се тестира во 11 детски градинки

Млад жител на тетовско осомничен за компјутерски криминал, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија