Утрински Весник
Скопје

Без струја делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош

Struja.webp.webp

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот, ќе останат корисниците од Пинтија, дел од ул. Саса, а од 08.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул.Востаничка од број 44 до 49 во Општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје.

Струја од 09.00 до 14.00 часот, ќе немаат и дел од корисниците од ул.101 во Волково, а од 11.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул.Девол во Општина Карпош.


Можете да прочитате

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Ѓорѓиевски: Скопје 2028 – со силни партнерства го отвораме патот кон европската културна сцена

Герасимовски: Македонска песна и оро утре на „Боемска” со КУД „Орце Николов”, Блага Петреска и Наум Петрески