Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти

Orce.webp.webp

Во рамки на програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје за 2026 година, се обезбедува еднократна парична помош за онколошките пациенти. Право на оваа помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на Град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари).

За остварување на правото, потребно е да се достави барање за еднократна финансиска помош, копија од важечка лична карта, документ од надлежен орган или институција што ја потврдува состојбата (дијагноза или отпусна листа), копија од трансакциска сметка (лична на барателот), потврда дека барателот спаѓа во категоријата онколошки пациент, документацијата да не е постара од 6 месеци од поставување на дијагнозата


Барањето, заедно со целокупната документација, се поднесува преку Архивата на Град Скопје, во затворен плик со назнака: ,,Сектор за јавни дејности – Комисија за доделување еднократна финансиска помош за онколошки пациенти“.

Ова, почитувани, е порака дека никој не е сам.Дека зад секоја борба стои некој кој верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови, постои рака што ќе ве поддржи и надеж што не згаснува. Заедно сме посилни“, нагласи градоначалникот Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција: „Викенд на мртовци“ во „Киноверзум“ во Драчево

Ѓорѓиевски го посети СОС Детско село, најави субвенции за згрижувачките семејства

Општина Аеродром воведе иновативна технологија за почисти и побезбедени детски градиники