Утрински Весник
Свет

Лондон и Париз организираат состанок за безбедноста на Ормуска Теснина

Ormuskiot tesnec.jpg

Лондон и Париз неделава ќе имаат состанок со 30-тина држави подготвени да формираат коалиција за обезбедување на Ормуска Теснина.

Состанокот ќе биде на ниво на началници на генералштабовите на вооружените сили на земјите што ја потпишаа минатонеделната изјава, со која се повикува на прекин на нападите врз нафтената и гасната инфраструктура во Персиски Залив и се наведува дека се „подготвени да придонесат“ во напорите за обезбедување на морзеусот.


Заедничката изјава, која ја иницираа Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Холандија и Јапонија, оттогаш е поддржана од околу 30 земји, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Началникот на британскиот Генералштаб, Ричард Најтон и неговиот француски колега Фабиен Мандон „се свесни за улогата што треба да ја играат во обединувањето на оваа коалиција и помагањето на меѓународната заедница да развие план за повторно отворање на Ормуска Теснина што е можно поскоро, наведе изворот. 

Можете да прочитате

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица