Утрински Весник
Македонија

ЗНМ реагира за однесувањето на новинар на прес-конференција во Тетово

Znm 3.jpg

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираше на однесувањето на новинарот Невриј Адеми за време на прес-конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово.

Од ЗНМ потенцираат дека правото на новинарите слободно да поставуваат прашања и да известуваат критички е неотуѓиво и суштинско за едно демократско општество, но истовремено подразбира и обврска за почитување на етичките и професионалните норми.


„Начинот на комуникација и тонот на обраќање во конкретниот случај не соодветствуваат со принципите на достоинствен и професионален јавен дискурс“, наведуваат од Советот, повикувајќи се на член 15 од Кодексот на новинарите, кој налага негување култура на говор и етика во комуникацијата. – се вели во реакцијата.

Според нив, ваквите случаи не придонесуваат за градење доверба во медиумите, ниту за унапредување на јавниот дијалог. Оттаму упатуваат апел до новинарите и медиумските работници да се придржуваат до највисоките професионални стандарди и да придонесуваат кон взаемна почит во јавниот простор.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Граѓанскиот интерес над профитот на коцкарската индустрија

Приведен скопјанец, уценувал 61-годишник со компромитирачки материјали за 8.000 евра

Филков: Оптимизацијата на судската мрежа е клучна за поефикасно правосудство и поголема правна сигурност