Утрински Весник
Балкан

Јанша: Резултатот од гласањето по пошта е некредибилен, ќе користиме правни средства

20250419100435 big 730x400 91.webp.webp

Претседателот на СДС, Јанез Јанша, денеска оцени дека неделните парламентарни избори во Словенија имале најмногу неправилности досега, најмногу при гласањето по пошта, и поради некредибилноста на тој процес на предвремено гласање најави оспорување на нивните резултати.

Според Јанша, резултатот од предвременото гласање не е веродостоен и не би требало да се земе предвид во конечните резултати. Затоа, тој рече дека ќе ги искористи сите правни средства за да го оспори.


Целокупниот резултат од изборите нема да биде оспорен, но поради неправилности ќе бидат поднесени поплаки за одредени избирачки места.

Според него, се случиле разни неправилности како носење на гласачките кутии од одредени избирачки места, недостиг на гласачки ливчиња или нивно дуплирање.

Јанша рече и дека интернет-страницата на државната изборна комисија паднала додека се внесувале резултатите, тие се измешале, па избраните пратеници се појавиле под погрешни партии. Според него, работата на веб-страницата ја проверува и Канцеларијата за информациска безбедност.

Јанша рече дека сè уште ги проверуваат сите наводи што ги забележале на социјалните мрежи или им биле пријавени.

Според делумните неофицијални резултати, СДС освои 27,95 отсто од гласовите и 28 пратенички мандати, што ја рангира на второто место зад Движењето за слобода. Сепак, разликата меѓу двете партии е помала од 8.000 гласови.

Јанша рече и дека во овој момент не составува влада, но дека следната недела ќе присуствува на состанокот кој го свика претседателката Наташа Пирц Мусар, која е овластена да му го додели мандатот за состав на влада на победникот на изборите.

Можете да прочитате

Казната за возење без билет во јавниот превоз во Солун и Атина се зголемува на 100 евра

Запленети 3,5 тони небезбедно месо во Атина – компанијата снабдувала и болници

27 години од почетокот на бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија