
На 23.03.2026 во 19:45 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга ги лишија од слобода Л.Р.(19) и неговиот 15-годишен брат поради пстоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. При претрес во нивниот дом во Струга, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени пиштол „Dessert Lort“ калибар 9 мм и празна рамка за пиштолот, кој го поседувале без дозвола и за кој малолетникот изјавил дека родителите не биле запознаени.
На 23.03.2026 во 17:00 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за крииналистички работи Кичево го лишија од слобода Б.Б.(52) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 23 парчиња муниција со калибар 9 мм.
На 23.03.2026 во 16:35 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Ш.Ф.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е и одземена марихуана. За настаните се известени надлежни јавни обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

