Утрински Весник
Свет

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

20260323114336 big 730x400 13.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин повика на зајакнување на „стратешкото партнерство“ со Пјонгјанг во честитка до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за неговиот реизбор за лидер на Демократската Народна Република Кореја.

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните интереси“ на двата народа.


Тој, исто така, го пофали „личниот придонес“ на Ким за „зајакнување на пријателските врски меѓу сојузниците“ меѓу двете земји, поврзан со договорот за меѓусебна одбрана потпишан во 2024 година.

Северна Кореја е активно вклучена во воените напори на Москва, обезбедувајќи ѝ војници за да ја одбие украинската офанзива во рускиот Курски регион, како дел од офанзивата во Украина што трае од февруари 2022 година. За возврат, Русија ѝ обезбедува на Северна Кореја финансиска помош, воена технологија и снабдување со храна и енергија, според аналитичарите.

На почетокот на јануари, Ким Џонг-ун вети дека „безусловно ќе ги поддржи“ сите политики и одлуки на Владимир Путин во писмо објавено од официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА.

Можете да прочитате

Сијарто: Не сум пренесувал на Русија информации за Европската Унија

Трамп: Ормутскиот тенсец ќе биде отворен многу наскоро

Трамп: Иран се согласи да се откаже од нуклеарен материјал