Утрински Весник
Македонија

За викендот 1699 казни во сообраќајот, 60 лица лишени од слобода, одземени 20 возила

646082262 1223335743310284 4307537559001364889 n.jpg

Во текот на продолжениот викенд (20–22 март 2026), полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи спроведоа засилени сообраќајни контроли на патиштата низ државата, при што биле издадени вкупно 1699 платни налози.

Од нив, дури 476 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, што ја потврдува и понатаму загрижувачката состојба со брзото возење.


Во истиот период, 60 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Од нив, 11 управувале под дејство на алкохол, 17 возеле без возачка дозвола, шест управувале и покрај изречена забрана, а еден возач бил фатен како се движи во забранет правец.

Дополнително, согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 20 возила.

Според полициската статистика, евидентирани се и 198 прекршоци за неправилно паркирање, како и 35 санкции за возење под дејство на алкохол.

Контролите опфатиле и други прекршоци: санкционирани се 193 лица поради некористење сигурносен појас, 10 мотоциклисти за неносење заштитен шлем, како и 10 пешаци.

Согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 29 нерегистрирани возила и уште 12 поради техничка неисправност. Дополнително, девет возачи биле санкционирани поради незаконско затемнување на стаклата.

Од полицијата информираат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

Можете да прочитате

Секое петто боледување проблематично – откриени неправилности вели Клековски

Се интензивираат активностите за реформи во изборното законодавство 

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска