Утрински Весник
Свет

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини

20241030150349 big 730x400 66.webp.webp

Иран поседува балистичко оружје со кое може да ги загрози Рим и Лондон, пишуваат европските весници, посочувајќи дека американските и израелските напади не ги неутрализирале ракетните капацитети на Техеран.

Италијанскиот весник „Ла Република“ наведува дека за евентуален напад врз европски цели, лансирните позиции би требало да се наоѓаат во северниот дел на Иран. Притоа се истакнува дека европските земји во моментов немаат оперативен систем за одбрана од таков вид закани.


„Нашата безбедност во голема мера зависи од американските сателити, радари и поморски капацитети, што претставува слабост на европската одбрана“, посочува весникот.

Слични оценки објавува и британски „Телеграф“, според кој неодамнешните напади врз британска база во Индискиот Океан користена од американското воено воздухопловство, покажале дека во опсегот на иранскиот ракетен дострел би можел да влезе и Лондон.

Иран претходно соопшти дека лансирал две балистички ракети кон базата Диего Гарсија. Со оглед на оддалеченоста на архипелагот Чагос од над пет километри од Техеран, воени аналитичари посочуваат дека Иран располага со оружје со дострел поголем од нивните проценки.

Можете да прочитате

Почина поранешниот француски премиер Лионел Жоспен

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив