Утрински Весник
Скопје

Без вода дел од Центар и висока зона Пржино

Voda.webp.webp

Поради уличен дефект на ул.Ристо Шишков во Центар, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на потегот од Фонтана Парк до зградата на Владата и од булевар Илинден до Градски стадион, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од ул.Славејко Арсов и висока зона Пржино, поради уличен дефект Ф-200мм на ул.Славејко Арсов 48 во населба Водно.


Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Можете да прочитате

Пролетна дератизација во општина Аеродром

Зајкова: Пред 1 година ни се потсмеваа кога алармиравме за жичницата, денес алармот е кренат

(Видео) Студенти во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода