Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за случајот Пулс

Img 0450.jpeg

Еден од адвокатите во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Петре Шилегов, смета дека дел од одговорноста за трагедијата лежи и кај локалните обвинители.

Во својата изјава, Шилегов посочи дека станува збор за мала средина каде, како што рече, „сѐ се знае“, и дека не може да се исклучи одговорноста на обвинителството.


„Кочани не е Њујорк, не е Истанбул, не е Токио. Зборуваме за град со околу 40 илјади жители, каде секој муабет може да се слушне. И сите во оваа држава се виновни, освен локалните обвинители. Мислам дека барем за нијанса се повеќе криви кочанските обвинители, без оглед дали е актуелниот или некој пред него“, изјави Шилегов.

Тој нагласи дека неговите ставови не се насочени лично кон поединци, туку кон потребата од градење функционален систем.

„Немам лично ништо против никого, но ако веќе градиме систем, ајде да го изградиме како што треба“, додаде Шилегов.

Судењето за трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија десетици млади лица, продолжува со изведување докази и сослушување на сведоци.

Можете да прочитате

Истрели од „џип“ во Гостивар, осомничениот сам се предал неколку часа подоцна

Портокалов аларм за високи температури, следуваат пеколни два дена

ВЛЕН ги презема Правда, Култура и Односи меѓу заедниците