Утрински Весник
Магазин

Мафини со јаболка и морков

20260319100012 big 730x400 70.webp.webp

Прекрасни мафини со сладок прелив, воодушевуваат со својот нежен вкус.

         Состојки:


  • 2  јајца
  • 1 чаша шеќер (од 200 грама)
  • 1 и 1/2 шолји брашно
  • 1 чаша млеко
  • 1/3 чаша масло
  • 1 големо јаболко
  • 1 голем морков
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка цимет
     Прелив:
  • 50 грама шеќер во прав
  • 2 лажици сок од јаболко

Подготовка:

Изматете ги јајцата, додадете го шеќерот, матете додека не се растопи. Додадете го маслото во смесата и добро матете со жица за матење. На крај, додадете го млекото и добро измешајте сè. Оставете настрана. Ставете го брашното во сад и измешајте го прашокот за пециво со сода бикарбона во него. Додадете го брашното во подготвената смеса од јајца и добро измешајте сè со жица за матење. Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги јаболкото и морковот, грубо или ситно, по желба, додадете цимет и промешајте. Додадете ги јаболкото и морковот во смесата за мафини и истурете ја смесата во подготвените калапи. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10-15 минути. Извадете ги и изладете. Смесата е за околу 16 мафини со средна големина. Направете прелив од шеќер во прав и малку сок. Изматете сè заедно за да создадете густа смеса и прелијте врз мафините.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир