Утрински Весник
Свет

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

20260306135511 big 730x400 53.webp.webp

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека „американско-израелската агресија треба веднаш да биде прекината“ за да се стави крај на војната и да се спречи нејзина ескалација во поширок конфликт, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на изјава во канцеларијата на Иранската амбасада во Индија.

Пезешкијан претходно денеска телефонски разговараше со индискиот премиер Нарендра Моди.


Претседателот на Исламската Република му кажа на Моди дека неговата земја мора да добие гаранции дека нема да има повторување на таква агресија во иднина. Тој, исто така, ја повика организацијата БРИКС да преземе независна улога во прекинувањето на агресијата против Иран.

Иранскиот претседател предложи создавање регионална безбедносна рамка во која ќе бидат вклучени земјите од Западна Азија за да се обезбеди мир без странско мешање, се вели во соопштението на амбасадата.

Во меѓувреме, во објава на Икс, Моди наведе дека за време на разговорот со Пезешкијан ги осудил нападите врз критичната инфраструктура на Блискиот Исток. Индискиот премиер додаде дека ја повторил важноста на заштитата на слободата на пловидбата и посочил дека треба да се гарантира дека морските маршрути се слободни и безбедни.

Можете да прочитате

Трамп соопшти дека Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, а нарачката би можела да достигне и до 750

И Уганда прогласи жариште на ебола

ФБИ нуди 200.000 долари награда за поранешна американска разузнавачка која пребегна во Иран