Утрински Весник
Свет

Преговори меѓу Украина и САД без Русија во Мајами

Ukraina Rusija.png

Украинската делегација пристигна во Мајами, каде што денес ќе разговара со претставници на Соединетите Американски Држави.

Укринформ објави дека во украинската делегација биле секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров, началникот на кабинетот на претседателот Кирил Буданов, првиот заменик-началник на кабинетот на претседателот Сергеј Кисља и претседателот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Аракхамија.


Американската страна ќе ја претставуваат специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Руската страна не учествува во преговорите. Кремљ вчера објави дека Москва нема да учествува во преговорите меѓу Киев и Вашингтон во Мајами, бидејќи тие ќе бидат билатерални и дека очекува контактите да продолжат во блиска иднина. 

Последната рунда разговори меѓу Украина, САД и Русија се одржа во Швајцарија кон средината на февруари. Состаноците оттогаш се прекинати поради војната на САД против Иран.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови