Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Cvetan tripunovski 06.09.2025.jpg

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Росоман.

Министерот посочи дека како владина гарнитура, остануваат цврсто посветени на политиката на нула толеранција за корупција, особено во делот на управување со институциите.


„Мора да потсетиме за разлика во едно претходно време, во време на СДСМ и ДУИ каде што се заштитуваа функционери кои што имаа направено злоупотреби, овојпат тоа не е така”, потсети министерот.

„Ги охрабрувам сите земјоделци и граѓани, доколку имаат сознанија за злоупотреби, манипулации или за било какви незаконски дејствија, веднаш да ги пријават”, порача тој.

Министерот Трипуновски очекува дека надлежните институции до крај ќе го истражат случајот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол