Утрински Весник
Свет

Хамнеи ги повика разузнавачките служби да се пресметаат со непријателите дома и во странство

Hamnei.jpg

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи денеска ги повика државните разузнавачки служби да се пресметаат со непријателите дома и во странство, кога беше објавено дека портпаролот на Иранската револуционерна гарда загинал во напад.

Објавата на сметката на Хамнеи на социјалната платформа Икс дојде по смртта на министерот за разузнавање Есмаил Хатиб, кој беше убиен во напад оваа недела.


„Преостанатите службеници и вработени во ова чувствително министерство“ мора да ја пополнат празнината што ја остави смртта на министерот, се истакнува во објавата на Икс.

Моџтаба Хамнеи не се појави во јавноста ниту објави аудио или видео снимки откако беше именуван за нов врховен лидер на 8 март, што доведе до шпекулации за неговото здравје. Тој го наследи својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад врз Техеран на првиот ден од американско-израелската кампања на 28 февруари. Моџтаба Хамнеи, исто така, ги загуби сопругата и мајката.

Можете да прочитате

Барел нафта во Дубаи на рекордни 166 долари

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години