Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина

Mickoski e1745132701470.jpg

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски преку пост на својт фејсбук профил им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед.

-Среќен Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед! Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање, се вели во честитката од премиерот Мицкоски.


Како народ, се додава, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти. Токму затоа, денес повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир, стабилност и просперитет за сите граѓани.

-Нека радоста од Бајрам ги исполни вашите домови со топлина, љубов и благосостојба. Да ги споделиме убавите моменти со семејството, пријателите и сите оние на кои им е потребна поддршка и внимание. Со искрени желби за здравје, напредок и благодет!, се потенцира во честитката од премиерот Мицкоски до сите верници од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам.

Можете да прочитате

Велосипедист пренесен во болница по удар со автомобил

16-годишник од Кочанско по расправија за девојка, со пиштол му се заканувал на друг малолетник

Претрес во Берово, пронајдени оружје, муниција и пиротехнички средства