Утрински Весник
Македонија

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите

Penzioneri 1.webp.webp

Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија 76,6 години. Оваа бројка се разликува од регион до регион, па така највисок очекуван животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападен регион во Бугарија со 73,9 години. 

Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години. Овој јаз значително варираш меѓу земјите од ЕУ, па така во Латвија, се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, додека најмал родов јаз има во Холандија – 2,8 години.


Според поатоците на Еуростат, во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е 81,5 години, што укажува на зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година. Очекуваниот животен век се намали во 2020 година (80,4 години) и 2021 година (80,1 години) поради пандемијата COVID-19, но оттогаш се опоравува и достигна вредности повисоки отколку во 2019 година (81,3 години). 

За жените, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 84,1 години во 2024 година, додека за мажите бил 78,9 години. 

На регионално ниво, четири региони имаат очекуван животен век од 85 години или повеќе: шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, и италијанските региони Провинција Автонома ди Тренто и Провинција Автонома ди Болцано/Бозен и регионот на шведската престолнина Стокхолм, сите со 85,0 години. 

Спротивно, меѓу 5-те региони на ЕУ со најнизок очекуван животен век при раѓање, 3 беа во Бугарија: Северозападен (73,9 години), Северен централен (74,9 години) и Североизточен (75,4 години). Другите 2 беа Мајоте во Франција (74,5 години) и Ешак-Маѓароржаг во Унгарија (75,1 години).

Во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање за жените во ЕУ достигна 84,1 години (зголемување за 0,1 година во споредба со 2023 година), додека за мажите беше 78,9 години (+0,2 години). Ова укажува дека се очекува жените да живеат 5,2 години подолго од мажите. 

Овој јаз значително варираш меѓу земјите од ЕУ. Во Латвија, се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, по што следуваат Литванија (8,6 години) и Естонија (8,4 години). Најмали родови јазови има во Холандија (2,8 години), Шведска (3,1 година) и Ирска (3,4 години).

Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Северна Македонија за 2024 година, додека според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 е 76,63 години, со тоа што животниот век на жените е 78,86 години, а на мажите за 4,4 години помал 74,48 години. 

Очекуваната должина на животот при раѓање бележи раст од 1,3 години, споредено со периодот 2021-2023 година кога изнесувал 75,32 години и 2,2 години споредено со периодот 2020-2022 година. 

Во 2021 е забележан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во спроредба со 2018 кога изнесувал 76,7 години. 

Можете да прочитате

16-годишник од Кочанско по расправија за девојка, со пиштол му се заканувал на друг малолетник

Претрес во Берово, пронајдени оружје, муниција и пиротехнички средства

Скопјанка со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје