Утрински Весник
Македонија

Каранфилова Пановска: Новиот јавен обвинител мора да постапи по сите индиции за криминал на власта

Fani sdsm.jpeg

Од новиот јавен обвинител се очекува неселективна правда и постапување по сите случаи за криминал на власта, порача заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју”, на телевизија Канал 5.Таа нагласи дека СДСМ веќе има презентирано сериозни наоди и индиции за сомнителни тендери и поврзаност на фирми со власта кој антикорупцискиот тим на СДСМ секојдневно ги објавва и кои мора да бидат истражени.

„Има сега нов јавен обвинител и ние очекуваме овие наши индиции за криминал, наоди за овие над 100-милионски суми, се работи за стотици тендери во кои што се повторуваат фирмите и во локалните самоуправи и кај централната власт, да ги земе и да ги истражи. Затоа што, по допрен глас, обвинителството апсолутно може да делува. Од новиот јавен обвинител се очекува неселективна правда, се очекува да ги процесуира сите оние случаи за кои што има докази дека е сторен криминал”, рече Каранфилова Пановска.


Во интервјуто дека Каранфилова Пановска предупреди дека постојат сериозни ризици од влијание на извршната власт врз обвинителството.

„Во овој јавнообвинителски систем, особено сега како се поставува со со измените на законот за Јавно обвинителство,  во кој што јавниот обвинител станува директно зависен од извршната власт, ако сакате, преку една полуга односно преку буџетот во јавното обвинителство. Затоа што извршната власт е таа која што, односно министерката за финансии, на крајот ќе одлучи дали ќе ги зголеми или не трошоците. Се знае кој процент од буџетот треба да биде издвоен за јавното обвинителство. Се воспоставува еден систем во кој што извршната власт директно може да диригира како јавниот обвинител ќе работи”, посочи Каранфилова Пановска.

Таа додаде дека и покрај личниот интегритет на обвинителот, системските решенија отвораат сомнежи.

Можете да прочитате

Скопјанка со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Крај на неказнивоста, законот важи за сите а институциите постапуваат за разлика од времето на СДС и ДУИ

Држава во која чесноста не се исплати