Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам

Gasi.webp.webp

Претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед со желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба.

-Почитувани граѓани од исламска вероисповед, Дозволете ми по повод големиот празник Рамазан Бајрам, од мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, да Ви упатам искрени честитки и најтопли желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба, се вели во честитката од Гаши.


По деновите на пост, молитва, солидарност и духовна посветеност, се потенцира, Рамазан Бајрам нè потсетува на трајните вредности на хуманоста, меѓусебната почит, разбирањето и помагањето.

-Овој голем празник носи порака за љубов, милосрдие и заедништво, вредности кои се од особено значење за градењето хармонично, праведно и достоинствено општество. Нека бајрамските денови Ви донесат спокој во домовите, радост во семејствата и надеж во срцата. Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да негуваме соживот, толеранција и почитување, како темели на нашата заедничка иднина. Честит Рамазан Бајрам!, се истакнува во честитката од претседателот на Собранието Африм Гаши по повод Рамазан Бајрам.

Можете да прочитате

Скопјанка со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Крај на неказнивоста, законот важи за сите а институциите постапуваат за разлика од времето на СДС и ДУИ

Држава во која чесноста не се исплати