Утрински Весник
Македонија

Почнува пролетта – 24info.mk

Prolet sneg ovoski 1.jpg

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути.


Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во 10 часот и 24 минути, кога календарски започнува летото.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол