Утрински Весник
Македонија

СДСМ: „Извештајот на „Фридом хаус“ е потврда за загрозените слободи во Македонија 

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Последниот извештај на „Фридом хаус” покажува дека Македонија останува „делумно слободна земја”. 

Ако се спореди со времето на СДСМ, во 2021 година Македонија беше прва во регионот, единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан односно со втор најдобар резултат во Европа.


Со ВМРО и Мицкоски на власт, состојбата со човековите и со медиумските слободи се влошува. Единствено полоши се состојбите во Србија, каде што на власт е сестринската партија на ВМРО-СНС. Но, ВМРО се труди да ги стигне.

Дополнително, Македонија забележи пад од 6 места и на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на „Репортери без граници”.  За разлика од минатата година, кога беше на 36. место, оваа година е на 42. позиција.

Овие извештаи се уште една потврда на сето она што СДСМ го говори во изминатиот период.

Медумски хајки против СДСМ и претседателот Филипче, измислени афери, црни кампањи, контрола врз 40% од медиумите преку Орбан, Декрет за забрана на говорот во Собранието.

Резултатот е пад на човековите и на медиумските слободи.

Македонија се враќа во времето на Никола Груевски на нарушени слободи, медиумскиот мрак, хајки против опозицијата и јавни линчови.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

Скопјанец пијан со 2.2 промили возел низ Охрид

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци – власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев