Утрински Весник
Македонија

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Whatsapp image 2025 12 02 at 13.00.51.jpeg

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денеска продолжува во судницата во КПУ „Идризово“ со изведување нови докази преку сведочења предложени од Јавното обвинителство.

Во рамки на претходното рочиште беа сослушани двајца сведоци, кои дадоа исцрпни појаснувања за законските обврски и безбедносните стандарди. Маја Тимовска, раководителка на Секторот за превенција, планирање и развој при Дирекцијата за заштита и спасување, нагласи дека сите субјекти вклучени во системот за заштита и спасување имаат обврска да изготват и достават четири клучни документи: елаборат за заштита и спасување, правилник за заштита од пожари, процена на ризици од природни непогоди и други несреќи, како и план за заштита и спасување. Таа потврди дека оваа обврска важела и за управителите на дискотеката.


Пожарот, кој избувна на 16 март 2025 година за време на настап на музичката група ДНК, однесе 63 човечки животи и остави повеќе од 200 лица повредени,

Можете да прочитате

Зајкова: Законот за електронска нараквица веќе се спроведува во БиХ

Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачите

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица, следува пријава