Утрински Весник
Македонија

Мицкоски дел од Самитот на ЕПП: Европа пред економски и безбедносни предизвици

Img 0089 1.jpeg

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук информираше дека вечерва присуствувал на Самит на лидери во организација на Европската народна партија (ЕПП), каде учествувале претседатели на политички партии од ова европско политичко семејство.

На самитот се обратиле повеќе лидери од Европската Унија, при што биле отворени клучни теми поврзани со економската перспектива на континентот, како и актуелните глобални предизвици.


Меѓу нив, како што посочува Мицкоски, доминирале дискусиите за војната во Украина, конфликтите во Заливот и ситуацијата во Иран, кои имаат значително влијание врз безбедноста и стабилноста на Европа.

Дополнително, учесниците разговарале и за потребата од зголемување на конкурентноста, како и за креирање стратегии за одржлив економски развој на европските економии.

Можете да прочитате

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД

Судот го осудил Јакимовски, а не било утврдено каков е објектот – Врховен ги укина пресудите

Левица: Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот?!