Утрински Весник
Економија

Намален прометот во индустријата во јануари

Industrija.webp.webp

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава на годишно ниво, а на месечно за 13,9 проценти – објави денеска Државнот завод за статистика. 

Во јануари годинава во однос на јануари лани опаѓање на прометот во индустријата, според главните индустриски групи, има кај Интермедијарни производи, освен Енергија за 13,5 проценти, Капитални производи за 9,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти.


Најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот промет во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, имаат одделите: Производство на метали со 24,4 проценти, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 23,3 проценти и Производство на прехранбени производи со 5,6  проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 6 проценти, а на странските пазари од 10,6 проценти.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра