Утрински Весник
Магазин

Владо Георгиев го одложи концертот во Скопје поради трагедијата во Кочани

2185924.jpeg

Пејачот Владо Георгиев го одложи концертот што требаше да се одржи на 20 март во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Новиот термин е закажан за 24 април.

Како што соопшти самиот Георгиев, причината за одложувањето е пропуст на неговиот тим, односно тоа што не бил информиран дека во истиот период се одбележува годишнината од трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 63 лица.


„Оваа недела не е во ред да пееме. Барем јас така мислам. Се извинувам, но навистина не е во ред. Се гледаме на 24 април“, изјави Георгиев.

Организаторите исто така упатија извинување до публиката, посочувајќи дека со нетрпение го очекуваат неговиот настап во Скопје во новиот термин.

За оние кои нема да можат да присуствуваат на концертот, од организаторите информираат дека влезниците ќе може да се вратат на местото каде што биле купени.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 18 март 2026

Млада Месечина во Риби на 18 март

Од борба за живот до роденденска прослава: Гибончето Мики полни една година