Утрински Весник
Свет

Во конфликтот со Иран досега ранети околу 200 американски војници, десет од нив со тешки повреди 

20260317081007 big 730x400 36.webp.webp

Американската армија синоќа соопшти дека од почетокот на конфликтот со Иран досега има околу двеста ранети војници од своите редови, од кои десеттина со тешки повреди.

Портпаролот на американската воена команда во регионот, Тим Хокинс, изјави дека десет од повредените се категоризирани како „тешко ранети“. Тој во објавата на платформата „Икс“ посочи уште дека повеќе од 180 од повредените имале лесни повреди и дека веќе се вратени назад на должност.


Хокинс рече дека повредените војници биле распоредени на служба во Израел, Саудиска Арабија, Бахреин, Обединети Арапски Емирати, Кувајт, Ирак и Јордан.

Пентагон пред една недела пријави околу 140 повредени војници.

Според официјалните податоци, од 28 февруари кога започнаа американско-израелските напади врз Иран животот го загубиле 13 припадници на американските вооружени сили.

Можете да прочитате

Песков: Русија одржува контакти со раководството во Хавана, подготвена е да ѝ помогне на Куба

Иранска ракета падна на само неколку метри од канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим

Израелскиот министер за одбрана потврди дека Лариџани е убиен во израелски воздушен напад