Утрински Весник
Македонија

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

Perinski.webp.webp

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, по првиот пресек на пристигнатите апликации, ја формираше првичната база од 170 експерти и практичари, со што се поставува силна основа за навремена, стручна и таргетирана поддршка на општините во решавање на конкретни локални предизвици.

Со самото тоа базата на експерти е ставена во функција, а општините можат, согласно своите потреби, да користат професионална поддршка во различни области.


Областите на потребна експертиза се поврзани со изворните надлежности на општините, но и пошироко, опфаќајќи сектори кои имаат значајно влијание врз функционирањето на локалната самоуправа, подобрувањето на услугите кон граѓаните и креирањето на стратешки решенија за долгорочен развој.

Воедно, Министерството за локална самоуправа информира дека од денеска повторно го отвора Јавниот повик за изразување интерес за вклучување во базата на експерти на Ресурсниот центар.

Повикот ќе биде континуирано отворен, со цел сите заинтересирани професионалци со соодветна експертиза и искуство да имаат можност да аплицираат и да се вклучат во базата на експерти, придонесувајќи кон обезбедување квалитетна и навремена поддршка за општините.

Јавниот повик, заедно со сите информации за условите, критериумите и потребната документација за аплицирање, е достапен на следниот линк:

https://mls.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-povici/otvoren-javen-povik-za-izrazuvanje-interes-za-ucestvo-vo-bazata-na-eksperti-na-resursniot-centar-za-poddrska-na-razvojot-na-opstinite

Можете да прочитате

Во сообраќајка кај Виница загина 65-годишен маж, а три лица се повредени

Филипче најави заеднички фронт: Формираме регионална Скопска иницијатива

Запален „ренџ ровер“ во Шуто Оризари: маскирано лице истурило течност и избегало