Утрински Весник
Македонија

Полицаец кој ја загуби својата ќерка во дискотеката „Пулс“: Млади деца, момчиња и девојки, сè изгорено – ништо не можеше да се спаси

Img 0022.jpeg

Влатко Соколов, татко на Стефанија која загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и полициски службеник, во гостување во Отвореното Студио на 4ТВ.мк ги опиша моментите на ужас и неизмерната болка која ја доживеал додека се обидувал да помогне.

„Не знаев што точно се случуваше, не можев да сфатам што слушам, објави 4news.mk Сакав да влезам, да ги видам децата, да видам дали се живи, да им помогнам, но ситуацијата беше хаотична и непредвидлива“, рече Соколов. Тој раскажа дека кордоните на полицијата и опожарениот простор го спречувале да пристапи до загинатите.


„Пет минути чекав, немав можност да направам ништо. Сè беше блокирано. На крај, таму беа тела, сè беше изгорено. Не можев да ги спасам, и тоа е нешто што никогаш нема да се заборави“, додаде тој, со видлива тага во гласот.

Соколов го опиша и ужасот кој го видел: „Млади деца, момчиња и девојки, сè изгорено. Ништо не можеше да се спаси. Сите бевме сведоци на нешто што не е хорор филм, туку реалност која никој не би требало да ја доживее. Секој миг беше борба да се сочува животот каде што можеше.“

Тој истакна дека како полициски службеник бил обврзан да помогне на секое дете кое можело да се спаси и да ги организира телата на загинатите за идентификација, но болката од загубата на сопствената ќерка останува неизмерна.

„Сите тела ги ставивме на ред, едно покрај друго, но ништо не може да ја врати Стефанија. Оваа трагедија ја менува целата заедница и нашите животи засекогаш“, рече Соколов.

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“