Утрински Весник
Свет

Велика Британијa: Нема да одиме во војна со Иран

5631070 shutterstock 2354941861 ls e1772365209979.jpg

Велика Британија официјално потврди дека нема да се вклучи во воениот судир меѓу САД и Иран. Британската влада јасно стави до знаење дека Лондон не планира да испраќа свои трупи или да учествува во офанзивните дејствија што ги покрена администрацијата на Доналд Трамп.

Министерот за одбрана на Обединетото Кралство, во изјава за медиумите, нагласи дека приоритет на Британија останува деескалацијата на тензиите во регионот и заштитата на меѓународното право.


„Велика Британија нема да оди во војна. Нашата примарна цел е смирување на ситуацијата преку дипломатски канали“, гласи официјалниот став на Даунинг стрит.

Британските власти стравуваат дека секое понатамошно вовлекување на западните сојузници во директен конфликт со Техеран може да предизвика неконтролиран пожар на Блискиот Исток. Иако Британија е традиционално најблискиот сојузник на САД, овојпат Лондон зазема претпазлив став, сличен на оној на европските партнери.

„Остануваме посветени на безбедноста на нашите војници кои се веќе стационирани во регионот, но нема да бидеме дел од нова воена кампања“, додаваат од британското Министерство за одбрана.

Оваа одлука доаѓа по серијата напади врз ирански цели и повикот на Трамп до сојузниците за поголема поддршка во неговата „кампања на максимален притисок“.

Можете да прочитате

САД го испраќаат „Темниот орел“ на Блискиот Исток?

Слободата на медиумите во светот на најниско ниво во последните 25 години

Трамп повторно му врати на германскиот канцелар Мерц поради критиките за војната во Иран