Утрински Весник
Македонија

„Никогаш нема да ги заборавам“ – Гитаристот на ДНК со благодарност до персоналот од солунската болница

651782720 26237489332536837 7406683461657729742 n.jpg

Гитаристот на групата ДНК, Тонев, со емотивна објава на Фејсбук им се заблагодари на лекарите и медицинскиот персонал од болницата „Георгиос Папаниколау“ во Солун, каде што бил лекуван по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во објавата тој напиша дека никогаш нема да ги заборави луѓето кои биле покрај него во најтешките моменти од неговиот живот.


„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата ‘Папаниколау’. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“, напиша Тонев на Фејсбук.

Болницата „Георгиос Папаниколау“ во Солун беше еден од трите медицински центри во Грција кои на 16 март минатата година ги отворија своите специјализирани оддели за лекување на пациенти со тешки изгореници по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Меѓу пациентите кои тогаш беа хоспитализирани во солунската болница имаше две девојки и едно момче на возраст од 19, 25 и 26 години, кои беа пренесени на лекување поради сериозните повреди здобиени во пожарот.

Емоционалната средба со медицинскиот персонал уште еднаш потсети на солидарноста и поддршката што ја покажаа соседните земји во деновите по трагедијата што ја потресе Македонија.

Можете да прочитате

Уапсен гостиварец кој телефонски и се заканувал на својата сопруга

Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима

Во еден ден кавадарчанец останал и без мопед и без автомобил затоа што возел без возачка