Утрински Весник
Свет

Кина му одговори на Трамп

Kina.webp.webp

Министерството за надворешни работи на Кина изрази загриженост поради напнатата ситуација во Ормутскиот теснец по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Пекинг да испрати свои бродови за да го обезбедат клучниот воден пат. Реакцијата дојде само неколку часа по повикот на Трамп.

Портпаролот на министерството Лин Џиан ја опиша ситуацијата како „напната“ и штетна за глобалната стабилност. „Кина уште еднаш ги повикува сите страни веднаш да ги прекинат воените дејствија, да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите и да спречат регионалниот конфликт да има посериозни последици за глобалниот економски развој“, рече тој.


Трамповиот повик и самитот со Си

Трамп претходно во интервју за „Фајненшл тајмс“, објавено во недела, изјави дека можеби ќе го одложи планираниот самит со кинескиот лидер Си Џинпинг. Во исто време, тој додаде: „И на Кина ѝ е потребна помош бидејќи добива 90 проценти од својата нафта преку теснецот“.

На прашањето од новинарите да ги коментира забелешките на Трамп, Лин во понеделник одговори дипломатски. „Дипломатијата на високо ниво игра незаменлива улога во стратешката насока на односите меѓу Кина и САД. Двете страни остануваат во контакт во врска со посетата на претседателот Трамп на Кина“, рече тој. Портпаролот, исто така, избегна да одговори на прашањето дали Кина добила официјално барање од САД за испраќање бродови во Ормутскиот теснец.

Кина не е единствената земја врз која САД вршат притисок да испрати помош. Трамп во саботата изјави дека се надева оти „Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство и други“ ќе испратат поморски сили за да обезбедат навигација низ теснецот, кој е практично затворен од почетокот на војната.

Можете да прочитате

ВИДЕО: Жесток напад на Иран врз Емиратите, огромен пожар во клучно нафтено складиште

Русија: Уништивме 250 украински дронови што се движеа кон Москва во текот на викендот

ЕУ има идеја како да се одблокира Ормутскиот теснец